На 22 април 2021, почина Богомил Ѓузел, македонски поет, писател, драмски автор, есеист, преведувач, препејувач и академик. Ѓузел е припадник на третата генерација македонски писатели, еден од најважните претставници на македонскиот модернизам и еден од најзначајните преведувачи и препејувачи на книжевност од англофонското книжевно подрачје.
Човек во себе згрчен
Цел живот згрчен
во кујнското ќоше крај огништето
(па дури и кога имаш цела куќа
се пикаш сам како дух во шише)
како во тесна надрасната облека
со секое движење под строга контрола
непrrо да не удриш или скршиш
па да се повредиш себеси или блиските.
Дури и малку подгрбавен, сабјата ако замавне
да ти ја отсече само замислената грба,
ИЈШ ако случајно ти се поткрши ноктот
да се преживее како црна подноктица,
бескрајно да се криеш во стапици
од сопствените остатоци …
Но затоа, пак, на сон
да шеташ со денови крај пловни реки по широки булевари,
да јаваш – со секое влакно настрхнато – по степи и прерии,
да се возиш бескрајно без скоро да стиrnеш на целта
– особено без кошмарот на предвремено враќање
во домот претрупан со предмети, во сокакот од маалото
од малата татковина, без ничија освен татковата вина
и мајчината што таму те родила …
Затоа и приучениот кенгурски скок
(со бавчата во стомакот) дур до Австралија,
БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ