БУГАРИЈА (BULGARIA)
ИВАН ХРИСТОВ (IVAN HRISTOV)
Иван Христов (1978) е поет и литературен критичар. Автор на четири поетски книги, а е преведен на над 10 јазици. Во 2015 год. му излегува книга на турски јазик, во 2018 – на француски во рамки на проектот „Версополис“. Од 2010 е член на организациониот комитет на меѓуанродниот фестивал „Поетики“ (Софија). работи во Инситутот за литература при Бугарската академија на науките.
БРШЛЕН
Јас сум бршлен
Лисјата ми се тврди,
зелени и во зимата,
со различна форма
од штит до заострена ѕвезда
Стеблата ми се снабдени
со малечки јазли –
трансформирани корени,
со кои се зафаќам за тебе
Спротивно на јавното мислење
не сум паразит,
моите корени не ги цицаат
твоите хранливи материи,
но те користат за потпора
Цветовите ми се зелено-жолти
Специфичните плодови ми зреат
на крајот на зимата и почетокот на пролетта,
што е сосема спротивно
од зреењето на другите растенија
Не издржувам само на голем студ
Пожелно е да добивам
редовно прскање на лисјата
и доволно светлина
но без да ме изложуваш
на директна светлина
Препев од бугарски и англиски на македонски:
Даниела Андоновска-Трајковска