Перфидниот здив на зимата
Здивот на зимата со лажна
Скромност почна подмолно
Да се вовлекува во топлите пазуви на есента.
Се смееше скокотливо есента, мислејќи дека се е една палава и наивна детска игра.
Но многу брзо таа ја сфати
Подмолната игра на зимата и
Нејзиниот безобразлук целосно
Да завладее со неа
Многу порано отколку што е
Нејзиното календарско време.
За тоа време
Зимскиот воздух го исполни
Просторот и го истисна
Целосно здивот на есента.
Направи големи штети
Здивот нејзин беше погубен
Бидејќи беше неочекуван и направи
Големи штети.
А за тоа сите ја окривуваа есента
Која се пишманеше што наивно
Поверува дека ќе и биде доволен
Само малку простор на зимата
Чиј здив стана погубен за многу
Растенија и човечки суштества.
Дури тогаш се потсети есента на
Народната мудрост која предупредуваше:
“Некому не треба ни малиот прст
Да му го подадеш на располагање
Оти може цел да те изеде”.
Есента тоа го научи на најлошиот
Можен начин – откако беше
Безобразно понижена од
Дрскоста и злобата на студениот
Зимски здив.
Како што често се случува и
Во животот, кога наивните и
Невнимателните страдаат од
Дрските и злобните.