Босна и Херцеговина и Русија (Bosnia and Hercegovina and Russia)
Жарко Милениќ (Žarko Milenić)
Жарко Милениќ (Брчко, 1961) објавил триесетина книги поезија, проза, книжевна критика и есеи. Негови книги објавени се и на македонски, украински и ерменски јазик. Наградуван е во регионот и во странство. Преведува книжевни и други дела од англиски, руски, македонски, бугарски, словенечки и украински јазик. Учествувал на книжевни и преведувачки манифестации во низа земји. Живее во Брчко и Москва. Главен уредник e на списанието за литература, театар и култура „Сусрети“ од Брчко. Сега е на докторски студии по руска книжевност во Москва.
ПРЕВРТЕН СВЕТ
Во превртениот свет
На моите соништа мојот татко е жив
Толку жив што пожив не може да биде
Таму се живи мртвите па и јас
Мојот татко одбива да тргне на погребот
На својот прв сосед
Кој не сакал да дојде овде кај него
Често го гледам мојот прв сосед
И не го прашувам зошто не дојде на погребот
На својот сосед а дошле сите други
Барам причина за тоа, не наоѓам
Можеби кога ќе умре мојот сосед
Тајната ќе му ја каже на соседот, во превртениот свет
Превод на македонски јазик:
Весна Мундишевска-Велјановска