Елизабета Баљи (Италија-Шпанија)/ Elisabetta Bagli (Italy- Spain)
Елизабета Баљи е родена во Рим (Италија), а од 2002 г. живее во
Мадрид (Шпанија). Дипломирала економија и бизнис на La Sapienza во Рим.
Пишува поезија, кратки раскази и есеи, а се занимава и со превод од шпански
јазик. Автор е на неколку книги поезија, збирка раскази, книга за деца, како и на
написи и есеи за весници и дигитални списанија во повеќе земји. Нејзината
поезија е преведена на тринаесет јазици. Застапена е во стотина национални и
интернационални антологии. Претседател е и поранешен член на многу жири
комисии за (интер)национални награди. Соработувала со фондацијата Esther
Koplowitz од Мадрид и освоила бројни престижни награди, меѓу кои Mayte
Spínola Diploma of Honor од Pro Arte y Cultura group (Шпанија, 2017), наградата
за извонредни жени во културата (Латино-американски форум на жени Mar del
Plata, 2019, Аргентина), италијанската награда за култура (2019, доделена од
италијанскиот амбасадор Стефано Санино во Мадрид, Шпанија), наградата Naji
Naaman (Либан, 2020), наградата Hipatia de Alejandría на ART AWARDS 2022
(доделена од ArteAhora – Шпанската академија за современа литература,
Националната и интернационалната академија за поезија на Мексиканското
друштво за географија и статистика со седиште во Андалузија, Шпанија, и
Digital World TV), наградата Lady of the Honorable order на AICACE
(Интернационална академија за наука, уметност, култура и образование –
Мексико) доделена во Мадрид, април 2022 г. и многу други награди за културни
достигнувања во Италија. Шпанија и низ светот. E-маил: elibagli7@gmail.com
ПРАИЗВОР
Кој знае дали го слушаш овој жубор
Што ги движи ѕвездите и морињата
И ги олеснува вратите на времето,
Кое алчно и немилосрдно
Го згуснува црнилото и среброто на светот.
Кој знае дали ја слушаш плодната песна на Вселената
Кога ги разотвора своите сили
И дозволува да дише убавината на зората во процут
И генерира гола и безгрижна љубов
На грабливи врапци и љубовници во делириум.
Кој Знае дали сето ова е сон
Или пак животот го извикува твоето име,
Одекнувајќи го неговото ехо
Во проблеснатиот горски воздух,
Преминувајќи реки и годишни времиња,
Калапејќи вино и крв
Во исчезнувањето на светлината
Што станува танц и звук
И станува тело и лице.
Тоа е праизворот, тоа е животот.
Тоа си ти.
Превод од италијански на англиски јазик: Елизабета Баљи
Translated from Italian into English: Elisabetta Bagli
Превод од англиски на македонски јазик: Весна Мундишевска-Велјановска
Translated from English into Macedonian: Vesna Mundishevska-Veljanovska