Весела Чобанова
МОРСКИ ПЕСОК
Боса сум.
Барам сончев блесок
Во дождлив ден.
Вникнувам низ дрвото
Кое раззеленува
и најавува живот.
Јас сум бебе, го пронижувам
воздухот со рев.
Жеднеам за пролетен бран
Го расчепкувам зимскиот студ.
Јас сум мало дете –
поставувам прашања,
а одговорите остануваат
скриени во ореова лушпа –
не можам да ја скршам.
Со силата на брановите
се удирам во морскиот песок.
И повторно трчам низ локвите дожд,
И се огледувам во нив како во огледало.
Боса сум.
Превод од бугарски на македонски јазик:
Елизабета Јончиќ