Биљана Т. Димко
ТИ ОСТАВАМ ЗБОР
Најди нешто и љуби го.
Вдоми го во себе
без понижување и колебање.
Верувај во него.
Неизделкани камења
талкаат по светските друмови,
домови на
грешници и покајници.
Најди нешто и љуби го.
Во убавина и добрина
облечи ја непредвидливоста на мигот.
Уметничката слика е од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.