ЧИТАТЕЛ
Да се запише да се напише буквар
за описменување на човекот
во трпеливоста,
во работливоста.
Сите пеплишта
се сторија соништа.
Буништето на стари склопки
скрои млади неотспиени ноќи.
Ко недотокмена стварност
постојам меѓу мислата и зборот.
Виорот на амбиции
ми го изеде домот, сврталиштето ми го нема веќе
Ами сега?!
Сеништата се удираат по слабините.
Ги острат слабините на неуката болка.
„Си беше еднаш еден бестрашен човек …“
Читам наглас.
Ѓом’ти дишам.
Секоја глава се бори за своите рамена.